More

    Нероазурите се пласираа во финалето, Инзаги си „купи“ нов договор

    spot_img

    Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, е многу горд на својот клуб и на своите фудбалери, особено откако сино-црните синоќа славеа против Милан и се пласираа во финалето на Лигата на шампионите.

    Иако Инзаги пред само неколку недели беше многу блиску до отказ, управата на клубот сепак реши да му даде шанса до крајот на сезоната, а тој, очигледно, максимално ја искористи дадената можност да се докаже.

    – Горд сум што сум дел од овој клуб. Пред 19 месеци бев замолен да влезам во осминафиналето од Лигата на шампионите, нешто што на клубот не му успеало уште од 2011 година. Мислев дека ланската серија во ЛШ беше многу добра, но оваа е неверојатна. Никој не ни даде ништо „бесплатно“, игравме со силни противници и изборивме пласман во големото финале – истакна Инзаги.

    Тој искажа почит и кон градскиот ривал Милан, потенцирајќи дека е голема работа што Интер влегува во серија на победи над „росонерите“.

    – Во наредните денови можеби ќе ни биде појасно каков успех е ова. Ова е како сон, но ние секогаш верувавме во себе. Секоја чест на играчите, покажаа сила, решителност, концентрација…. беше прекрасно да се гледа од клупата. Игравме четири дерби дуели со Милан од јануари и ги добивме сите четири. Сите знаеме дека Милан е многу квалитетен тим, шампион на Италија од лани, но моите момци заслужија да се радуваат на овие натпревари – прокоментира стратегот на Интер.

    Легендата на Интер и сегашен потпретседател во клубот, Хавиер Занети, пак, вели дека ако би бирал со кој да играат во финалето, би го одбрал Манчестер Сити.

    – Би сакал да го избегнеме Реал Мадрид бидејќи ова натпреварување изгледа како создадено за нив. Како и да е, најважно е што стигнавме до финалето. Беше тежок пат, не е лесно да се игра дерби во полуфиналето. Играв и јас во 2003 и загубив – вели Занети алудирајќи на успешноста на кралскиот тим во ЛШ.

    Реал Мадрид и Манчестер Сити вечерва во 21 часот ќе ги вркстат копјата и по вторпат ќе се борат за билет во финалето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img