More

    Голема вежба на специјалните сили на НАТО во соседството на Србија

    spot_img

    Големата вежба на специјалните единици на шест земји членки на НАТО наречена „Вкрстен удар 23“ започна на неколку полигони во Романија и ќе трае до 18 мај.

    Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, во вежбата учествуваат околу 500 припадници на романските вооружени сили и 100 примероци на борбена опрема на копно, море и во воздух, како и 100 војници од земјите членки на НАТО.

    Вежбата се одржува до 18 мај на големите полигони на романската армија.

    Покрај домаќинот Романија, учествуваат и специјалци од Бугарија, Полска, Португалија, Шпанија и САД. Присутни се и набљудувачи од вооружените сили на Грузија, Јордан и Молдавија

    Целта на вежбата „Cross Strike“ е да се развие способност за заедничко спроведување на воени операции меѓу земјите учеснички.

    Ова се постигнува со заедничко планирање и извршување на заеднички мисии и операции специфични за специјалните сили, како и со усогласување на процедурите во мултинационална средина со цел унапредување на регионалната безбедност, пред се во областа на Црното Море.

    Задачата поставена пред учесниците на вежбата е да тренираат во што е можно пореални услови, според фиктивно сценарио, со учество на команди на тактичко и оперативно ниво, со мултинационален состав и учество на повеќе институции.

    Вооружените сили на Романија на претходната вежба „Cross Strike 21“ добија потврда дека можат да изведуваат вакви сложени вежби на специјалните единици на земјите членки на НАТО и земјите партнери.

    Оваа година, пак, во вежбата учествуваат помал број луѓе.

    На „Cross Strike 21“ учествуваа повеќе од 800 војници, околу 100 возила, пловни објекти и авиони од Романија, како и околу 150 специјалци од САД, Грција, Бугарија, Велика Британија, Холандија, Португалија, Молдавија и Грузија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img