More

    Премиерот уверува дека целата процедура е многу јасна и транспарентна

    spot_img

    Сметам дека сите политички партии и сите политичари коишто декларативно се за членство во Европската Унија, сега треба да покажат дека се и реално со одлуки, со одлучност и со визија за членство во ЕУ. Одговорноста за тоа е на сите политички партии, не само декларативно, туку реално, истакна премиерот Димитар Ковачевски на денешниот настан посветен на хуманоста и солидарноста со настраданото население на Турција и Сирија.

    Тој одговарајќи на новинарско прашање околу тоа како ќе се спроведат иставните измени, рече дека една од одлуките којашто треба да се донесе на патот кон ЕУ е и изгласување на уставни амандмани со цел остварување на обврските коишто произлегуваат од заклучоците коишто Собранието ги донесе со мнозинство гласови во текот на месец јули минатата година и коишто се дел од преговарачката рамка со 27 земји членки на ЕУ, исто како преговарачките рамки коишто ги имаат и други земји кои преговараат и имаат обврски кои треба да ги спроведат.

    – Уставните измени според тоа не се ниту еден човек што треба да ги спроведе, не се ниту процес на една политичка партија, ниту процес на една Влада, туку тоа е процес пристапување кон ЕУ којшто е за целото општество заради остварување на повисок стандард, повисоки плати и да можат нашите граѓани да живеат на земја членка на ЕУ, ама тука, во нашата држава во Северна Македонија, а не да живеат во ЕУ во туѓина, во други држави кои што се членки на ЕУ – потенцираше премиерот.

    Тој истакна дека уставните измени се пропишани со закон, и оти целата процедура е многу јасна и транспарентна, којашто се води од страна на Министерството за правда со експертска група која што ќе биде формирана, во која што ќе учествуаат сите експерти, а потоа истиот процес се спроведува во Собранието.

    – Ние како држава покажавме дека сме фактор за стабилност на Балканот и најголемата потврда за тоа дојде на крајот на минатата недела кога во Скопје се одржа Советот за асоцијација и стабилизација со ЕУ каде што сите можевте и заедно со нашите граѓани да ги чуете јасните ставови на потпретседателот на ЕУ и на комесарот за проширување во коишто јасно кажаа дека преговарачката рамка за нас е многу јасна, која што е поддржана од сите 27 земји членки – рече Ковачевски.

    Владата ќе спроведе сѐ

    Владата ќе постапи во секое време согласно со наодите и заклучоците на која било институција во државата во однос на проектот за изградбата на коридорите 8 и 10д, посочи премиерот.

    Ковачевски потсети дека веќе ги повикал Антикорупциската комисија и Обвинителството да ги испитаат сите информации и врз основа на тоа да донесат одлуки.

    – Тоа го потврдивме со тоа што сите документи што се дел од тендерската постапка и што беа спроведени врз основа на Законот за овој проект, изгласан од Собранието и потврден од Уставниот суд, се јавно објавени на Бирото за јавни набавки согласно со сите спроведени процедури. Минатата недела веќе кажав дека сите институции треба да работат согласно своите надлежности, тука пред се мислам на Антикорупциската комисија и на Обвинителството кои што треба секоја информација да ја испитаат и врз основа на тоа да носат одлуки – изјави Ковачевски.

    Прашан дали Владата е подготвена да ја повтори тендерската постапка, тој нагласи дека „сѐ што ќе произлезе од овие постапки нормално дека Владата ќе го спроведе“.

    Ковачевски минатата недела апелираше Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да постапат околу објавите и сомнежите што се пласираат во јавноста за избраниот надзор за изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д  бидејќи, како што порача тогаш, мора точно да се знае што е шпекулација, а што е вистината во овој голем проект.

    Надзорот за проектот го доби конзорциумот ИРД со уште три фирми како подизведувачи, а американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ ќе биде ангажиран и за проектирање и за градба.

    Предвидена е изградба на четири автопатски делници во должина од 108,8 километри, а планираната инвестиција е 1,3 милијарди евра, без средствата за експропријација.

    Џентлменски договор

    Стопанските комори треба да кажат зошто компаниите од прехранбената индустрија не го испочитуваа договорот за субвенционираната струја и не ги намалија цените за најмалку десет отсто како што беше предвидено, рече премиерот.

    Според него, санкции во однос на ова за компаниите нема, зашто сè било договорено џентлменски. Казни, потенцира Ковачевски, може да се изрекуваат единствено согласно закон или правна процедура и така ќе биде сега, ако не се почитуваат одлуките за замрзнатите цени.

    – Договорот со компаниите беше џентлменски. Во таков, џентлменски договор одлучивме тие да добијат субвенционирана електрична енергија и за сметка на тоа да ги намалат цените за најмалку 10 отсто. Но, 15 отсто од нив тоа го направија, а најголемиот дел не и затоа се премина на замрзнување најпрво на цената на лебот, а потоа и на поевтинување и замрзнување на цените на тестенините и млечните производи, врз основа на детални анализи. Каква било санкција или мерка може да се преземе единствено согласно закон или процедура, а не волонтаристички, на лична основа. Значи, сега, ако некој не почитува, во однос на замрзнатите цени, постои законска основа – истакна Ковачевски.

    Тој уште еднаш напомена дека во држава каде што има демократија, мерки се носат во договор со бизнисот.

    – Ќе мора да прашате во Стопанска комора. Дел од прашањата треба да одговорат и коморите. Донесовме многу мерки изминатите три години низ дијалог со бизнис и академската заедница. Така ќе биде и во иднина – подвлече премиерот.

    Ковачевски за митингот на ДУИ: Тоа се нормални активности

    Сакам да посакам успех на итнерната трибина која ја има ДУИ, тоа се нормални активности што ги прави секоја политичка партија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на митингот што вечер ќе го одржи ДУИ во Чаир.

    – Такви активности во текот на последниот квартал на 2022 година ги направи и нашата политичка паритја, СДСМ кога имавме 70 трибини, кои завршија со голема трибина со над 11 илјади луѓе – рече Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img