More

    Грузија не го менува ставот за Косово

    spot_img

    Премиерот на Грузија Иракли Гарибашвили во разговор со претседателот на Собранието на Србија Владимир Орлиќ изјави дека ставот на неговата земја за косовското прашање нема да се промени и дека Грузија и дава целосна поддршка на Србија.

    Орлиќ е во Грузија на покана на претседателот на парламентот Шалва Папуашвили, а со Гарибашвили разговарал за билатералните односи, интензивирањето на севкупната соработка и европските интеграции, соопшти српскиот Парламент.

    Орлиќ изјави дека прашањето за европската интеграција на Србија е силно оптоварено со дијалогот меѓу Белград и Приштина.

    Секојдневно се соочуваме со едностраните потези на Приштина, како и со дрското одбивање на Аљбин Курти конечно, по една деценија чекање, да ја формира ЗСО. Бараме потпишаните договори да се спроведат без одлагање и да се обезбеди безбедност за нашиот народ на Косово, бидејќи тоа се елементарни предуслови за натамошен дијалог, додаде Орлиќ.

    На средбата присуствуваа и потпретседателот на српското Собрание и претседател на Комисијата за евроинтеграции, Елвира Ковач и претседателката на парламентарната група за пријателство со Грузија, Дубравка Филиповски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img