Македонија Топ вести

166 новозаболени и уште четири жртви на ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство.

Во Скопје повторно е највисок бројот на новозаразени – 47, во Куманово 17, во Дебар1, во Штип 23, Тетово 12, Струга 7, Битола 1, Охрид 3, Кавадарци 9, Гостивар 15, Гевгелија 1, Струмица 1, Демир Хисар 1, Македонски Брод 10, Виница 2, по двајца во Свети Николе и Неготино и 12 новозаболени има во  Кичево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени пациенти, 98 одСкопје-98, 17 од Куманово, 25 од Штип, во Битола 8, Гостивар 15, Радовиш 2, Пробиштип 1, Свети Николе 12, Кичево 3 и четворица од Ресен.

Починати се 4 лица, пациент од Скопје (77г.), пациент од Кичево (72г.), пациент од Штип (58г.) и пациент од Битола (70г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11054,  бројката на оздравени пациенти е 6882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3675. Денес се евидентираат 3 контролни теста и исправка за 1 оздравено лице.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, 1 на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 5 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Лекарска комора: 163 доктори побарале потврди за во странство, а речиси 800 за 5 години

saso user

Скандалозна фотографија на премиерот на Канада (ВИДЕО)

saso user

Македонските улици ќе бидат дезинфицирани со средство донирано од српската компанија Ozonway

saso user