Урбани вести

Честитка од ОО на СДСМ – Охрид по повод Втори Август – Денот на Републиката

Општинската организација на СДСМ – Охрид по повод големиот државен празник, 2 Август – Денот на Републиката, упатува  честитка до членството, симпатизерите и граѓаните на општина Охрид во која се вели:

-Почитувани празникот годинава за прв пат го одбележуваме како земја членка на НАТО и со добиена одлука за почеток на преговори  на Република Северна Македонија со ЕУ.

Придобивки кои се резултат на работа,  желба за просперитет и светла иднина на нашата Татковина.

Денеска, на денот на двата Илиндена сите заедно  да им оддадеме  почит на нашите претци, учесници во Илинденското востание и на Првото заседанието на АСНОМ.

Тие во  различно време но со иста идеја ги поведоа граѓаните кон слобода, независност и единство и ги поставија темелите на современата, независна и суверена држава.

Почитувани,

Годинава, свеченостите се во знакот на лајтмотивот „Победа за сите“.

Свечено е во Крушево, Скопје и во Пелинце…

Ние граѓаните на Северна Македонија и Охрид имаме уште многу предизвици пред себе, еден од нив е победата против невидливиот непријател – пандемијата со Ковид -19

И од оваа битка ќе излеземе како победници ако се сплотиме и ги почитуваме зравствените протоколи и мерки.

Честит и вековит Втори август – Денот на Републиката!

Центар за комуникации на СДСМ Охрид 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре ќе го одбележи Светскиот ден на книгата

saso user

ВМРО ДПМНЕ :Честитка по повод 7 Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор

saso user

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА НАСЕЛБИТЕ „ХРИСТО УЗУНОВ“ И „ДАМЕ ГРУЕВ“

saso user