Урбани вести

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ПО ПОВОД 2-РИ АВГУСТ ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Градоначалникот на Охрид , Константин Георгиески  на  сите  oхриѓани  и останати граѓани на  Република Северна Македонија им го честита   2-ри август, Денот на Републиката.

– Одбележувајќи  ги двата Илиндена  1903 и   1944, ние   славиме за поставување на темелите на македонската државност. Денес се потсетуваме на херојските дела на сите илинденци и борци  кои  со  своите животи ја   испишаа  македонската историја ,а нивните идеали за слобода и независност станаа наша реалност .

Многу години по Илинденското востание и Првото Заседание на АСНОМ  чекорејќи по стапките и водејќи се  според идеалите на нашите херои , обединети и сложни  продолжуваме  посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество. Рамо до рамо со модерните демократски држави сме дел од НАТО и смело чекориме кон рамноправно членство во Европската Унија. Продолжуваме посветено и одговорно да ја надградуваме и развиваме нашата татковина во сите сегменти од општественото живеење со цел да обезбедиме подобра иднина за сите нас и нашите поколенија . Нека ни е честит и вековит 2- ри август, Денот на Републиката.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОЈАВУВАЊЕНА ИНТЕРЕС ЗА КОРИСТЕЊЕ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ – ТУРИСТИЧКИ ИНФО ЦЕНТАР

saso user

ЧИНАРОТ ПРОГЛАСЕН ЗА ПРИРОДНА РЕТКОСТ

saso user

ОХРИД ПРЕТСТАВЕН НА ТУРИСТИЧКИОТ САЕМ ВО ПРИЗРЕН

saso user