Свет

СЗО за уште три месеци ја продолжи глобалната подготвеност поради пандемијата

Светската здравствена организација (СЗО) ја продолжи за уште три месеци состојбата на глобална подготвеност поради пандемијата на коронавирусот, соопштено е после седницата на комисијата за итни прашања на СЗО.

Во соопштението се истакнува дека е донесена едногласна одлука за продолжување на состојбата на глобална подготвеност поради пандемијата на коронавирусот, која го загрозува јавното здравје низ целата планета.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус ја прифати препораката на комитетот и ова тело најави нова проценка на состојбата за три месеци.

– Пандемија го зафаќа човештвото еднаш во 100 години, а нејзините ефекти ќе бидат почувствувани во децениите што следуваат – истакна Гебрејесус.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Како коронавирусот ги промени навиките на луѓето?

saso user

Доставени резултатите од грчките избори до претседателот на Парламентот

saso user

Невреме во Полска, има загинати и повредени

saso user