Македонија

Полицаец повреден во сообраќајка кај Лагадин

Полициски службеник е повреден во сообраќајка што се случила синоќа околу 19.55 часот на регионален пат во населба Лагадин,Охрид.

Од МВР информираат дека сообраќајната незгода се случила помеѓу моторцикл сопственост на МВР, управуван од полициски службеник и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(30) од Маврово.

„Во незгодата полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата„Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид“, појаснуваат во соопштението денеска од МВР.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Јовески: Пишувањето на „Ла Верита“ е чиста шпекулација, Русковска тогаш не ни беше шефица на Организиран криминал

saso user

Матка и Водно ќе бидат строго заштитени зони

saso user

Арсовски: Пратеникот Атанасов си ги вработил братучедите и кумата, а Лалчевска ќерката ВИДЕО

saso user