Урбани вести

ОХРИД ГО ЧЕСТВУВА ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Со оддавање на почит на хериоите од двата Илиндена, Општина Охрид го одбележа 2. Август-Денот на Републиката. Овогодинешните илинденски чествувања се во знакот на 76-годишнината од Првото заседание на АСНОМ и 117 годишнината од Илинденското востание.

Во текот на вчерашниот ден, делегација на Општина Охрид предводена од заменик градоначалникот Ристо Николески присуствуваше на пригодниот собир во село Велгошти и положи свежо цвеќе на спомен обележјето на илинденците.

Денеска, општинска делегација предводена од Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјата во Градскиот парк во Охрид и спомен обележјето кај Прентов мост.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Дуке Бојаџиев со моќен апел – на неговиот прекрасен концерт синоќа гореа 1076 свеќи за спас на Охрид и крајбрежјето

saso user

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БИЗНИСОТ

saso user

ЗА ВОДИЦИ ЗАБРАНЕТО ПАРКИРАЊЕ КАЈ КРУЖНИОТ ТЕК И КАПЕТАНИЈА

saso user