Урбани вести

Градоначалникот Ногачески со честитка за Илинден

Почитувани граѓани,
Празникот Илинден е симбол на победата на македонскиот непокор, ден кога славиме и се потсетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.
Празнувајќи го овој датум, да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите знајни и незнајни херои од нашата историја .
Да го чуваме аманетот од Илинденците и Асномците и да ги негуваме и надградуваме придобивките од двата Илиндена, да ги оставиме разликите, од каква природа и да се, да покажеме меѓусебна почит и да се свртиме кон заедничка иднина, достоинствен дом во кој има место за сите и да продолжиме посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество.
Нека ни се честити и вековити двата Илиндена!, се вели во честитката на градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Општина Ресен формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со попреченост од општината.

saso user

Десет години од бродската несреќа во Охридското Езеро

saso user

ОХРИДСКИТЕ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ МОЖАТ ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ НА ПЛАТФОРМАТА „ДОМА СИ Е ДОМА“

saso user