Урбани вести

Градоначалникот Гошаревски со честитка за Илинден

Драги сограѓани,

Дозволете ми од мое лично име и од име на вработените во општина Ресен, да Ви го честитам државниот празник 2-ри Август – Илинден.
2-ри Август е запишан со златни букви во нашата историја и е вкоренет во меморијата и традицијата на секој Македонец.

Нашите предци, нашите херои, не научија дека без разлика на вера и нација треба да се бориме и да ја сочуваме нашата татковина, исто како што тие се дигнаа на востание за слобода на 2-ри август, далечната 1903 година.

Идејата и желбата за независност беше поголема од нивните животи кои храбро ги положија на границата на слободата.

Нишката и поривот за слобода не застанува, напротив продолжува и понатаму и за време на Народно ослободителната и антифашистичка борба, за конечно на Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински на 2- ри август 1944 година да го запечати остварувањето на сонот за сопствена државност.

Почитувани сограѓани, преку двата Илиндена во нас ни е втемелена борбата за слобода и независност, а хероите беа тие што го сееја семето за сопствената државност.

И денес борбата не престанува, борбата за подобро утре, борбата за достојна држава која ќе ги достигне европските вредности продолжува и денес.

Ние знаеме дека можеме да изградиме општество и да изградиме систем на благосостојба и правда за сите!

Нека ни е честит Илинден!, стои во честитката на градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

1,5 ТОНИ РИБНА ЧОРБА ЗА ДЕНОТ НА РИБАРИТЕ

saso user

Успешно заврши јубилејната 35-та Интернационална Ликовна колонија “Дебрца 2019”

saso user

Се реконструира улицата „Славејко Арсов“ во Општина Ресен

saso user