Балкан

Во екот на сезоната во Црна Гора има одвај 15.000 туристи

Во Црна Гора во екот на сезоната престојуваат малку повеќе од 15.000 туристи што е за 92 проценти помалку во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Националната туристичка организација.

Хотелиерите и сопствениците на туристички апартмани велат дека речиси ги преполовиле цените, со цел да останат барем на позитивна нула.

Тие не очекуваат да имаат подобра заработка во остатокот од сезоната.

Во најјужниот црногорски град Улцињ, угостителите велат дека немаат ниту пет проценти од минатогодишниот промет. Стариот град не бил толку празен со децении.

Стариот град во Улцињ, инаку најпосетуваното место во текот на летните месеци, годинава е целосно пуст. Речиси никој не поминува, рестораните се празни, а во музеите нема посетители, јавуваат локалните медиуми.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пад на хеликоптер на Војската на Србија, нема жртви

saso user

Руски дипломат осомничен за шпионажа во Бугарија

saso user

Македонец на листата за градоначалник на албанските социјалисти

saso user