Бизнис

Вино од Италија, Македонија и од Чиле во шишиња со хрватски етикети

Земјоделската инспекција на Државниот инспекторат на Хрватска, во голема акција за сузбивање на трговијата со фалсификувана и недоволно квалитетна храна и пијалаци, пронајде вино од Италија, Северна Македонија и од Чиле кај пет хрватски производители на вино, во шишиња со хрватска етикета.

„Во голема акција на Европол и Интерпол, инспекцијата „ОПСОН 2020“ изврши вкупно 275 инспекции за контрола на етикетирање на вино и силни алкохолни пијалаци, пласирани на пазарот“, објави Државниот инспекторат.

Како што е наведено, откриено е дека пет контролирани субјекти ја злоупотребуваат употребата на хрватски традиционални термини – „квалитетно вино со контролирано географско потекло“ и „врвно вино со контролирано географско потекло“, на вина кои не се од хрватско потекло, туку потекнуваат од Италија, Северна Македонија и од Чиле.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Над 320 илјади пензии ќе бидат исплатени предвреме и етапно

saso user

Петрески и Гацов: Ангажирани сме за експертизи не како членови на кабинет

saso user

Србија ги зголеми златните резерви за да ја спаси економијата од коронакризата

saso user