Урбани вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита 2 Август – Илинден, најсветлиот празник во историјата на Македонија.

Денеска го чествуваме Денот на Републиката, најсветлата нишка која обединува, денот кога ги славиме победата и непокорот. Илинден е денот на големото Илинденско востание во 1903 година, но и на Првото заседание на АСНОМ од 1944 година. Делата на славните Илинденци се аманет кој треба да се негува и патоказ за љубовта кон својата Татковина.

 

Да го живееме сонот на нашите предци и гордо да се сеќаваме на нивната борба за самостојна и независна држава.

Во време на предизвици и искушенија посакуваме среќа, здравје, љубов и гордост.

Додека гори пламенот, ќе живее сонот за Македонија.

 

Да ни е вечен и честит Илинден!

Да ни е вечна и вековита Македонија!

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

СВИКAНА ЧЕТИРИЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

saso user

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СООБРАЌАЈНИЦАТА НИЗ ПОРАНЕШНАТА КАСАРНА

saso user

Потпишани договорите за одобрени проекти од програмата за рамномерен регионален развој

saso user