Македонија

Ахмети: Крушевскиот манифест е обединувачка дефиниција за заедничка држава

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, го одбележа Крушевското востание од 2 август 1903 година со објава на неговата официјална страница на Фејсбук, соопштија од ДУИ.

Востанието од 2 август и Крушевската Република, кое денес го одбележуваме, треба да се изучува многу повеќе од историчарите и да се разјасни неговиот целосен карактер, во неговото писмо и дух. Рамномерното споделување на востаничките и управувачки одговорности пред 117 години треба да послужи како модел за отстранување на хегемонистичките обременувања и примеси, кои што се повеќе заоѓаат, во врска со заедничките напори за слобода и подобар живот во заедничката земја“, напиша Ахмети на Фејсбук.

Крушевскиот манифест од 1903 година, објави Ахмети, е обединувачка дефиниција за заедничка држава исто колку и Охридскиот договор во 2001 година.

„Наметнатите предрасуди сè уште постојат и денес, и претставува обврска за сите нас да работиме кон нивно отстранување со презентирање и прифаќање на неискривената вистина за сите тековни и историски процеси на нашата заедничка мултиетничка и мултикултурна земја“, напиша Ахмети на Фејсбук.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Монетарни движења во Република Северна Македонија: јуни 2019 година

saso user

Антикорупционерите зарабоиле 220.000 денари од глоби, Иванов уште не им платил

saso user

За два дена 20 сообраќајки во Скопје, тројца тешко повредени

saso user