Македонија

138 новозаболени, седум починати, момче од 27 години и 41-годишна жена

Во последните 24 часа се направени 1621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19. Во Скопје има 47 новозаболени, во Куманово 17, Дебар 10, Штип 16, Прилеп 2, Тетово 2, Велес 5, Битола 5, Охрид 2, Кавадарци 1, Гостивар 10, Крива Паланка 1, Кочани 5, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Македонски Брод 6, Виница 2, Кратово 1, Кичево 3 и во Ресен има еден нов случај на коронавирус, информира Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти. Од Скопје 105, Штип 9, Прилеп 2, Тетово 4, Велес 1, Битола 5, Гостивар 1, Кочани 4, Пробиштип 1, Демир Хисар 2, Берово 1, Кичево 7 и двајца од Ресен.

Починати се 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53г.), пациентка од Кичево (41г.), пациент од Битола (27г.), пациент од Дебар (78г.) и пациент од Штип (64г.). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891,  бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3700. Од вчерашните 1 тест е контролен и се евидентира денеска.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, 1 на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 2 деца позитивни, како и 2 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 87 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и  во Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Дерковски: ДИК може да спроведе избори и со отворени листи

saso user

„Дајте музика“ со нова порака (ВИДЕО)

saso user

Заев: Ако не платат „Шверцерите“, штетата во МНТ ќе ја плати директорката

saso user