Сцена

Што ги поврзува Жика, Цеца и Драган Бјелогрлиќ?

Малкумина знаат што ја поврзува фолк вездата, славниот актер и познатата серија која наскоро ќе го добие своето продолжение. Дали сте меѓу луѓето кои знаат?

 

 

Цеца Ражнатовиќ е една од најголемите старсвезди на Балканот без збор, серијата „Династија на Жика“ направи бум во деведесеттите и неодамна беше објавено дека ќе се снима продолжение, а серијата „Сенки над Балканот“ со две сезони имаше и тоа каква глееданост и се чека третиот дел.

Сепак, скоро никој не забележал што ги поврзува овие три навидум потполно неповрзани работи.

Се работи за – куќата!

Во истата куќа Цеца го сними својот голем хит „Кукавица“, во „Жикина династија“, Милан Тодоровиќ, таткото на Марија и пријателот на Жика живееја во таа куќа, а истата куќа беше користена како куќата на државниот обвинител во „Сенки над Балканот“ што тој ја толкуваше Милош Тимотијевиќ.

Драган Бјелогрлиќ- Бјела сними една клучна сцена во првата сезона на „Сенки“.  Куќата служеше и за главните сцени за време на снимањето на сериите „Горе, долу“, „Бал на вода“, како и многу други серии, филмови, реклами …

Оваа ѕвезда на домашната кинематографија е позната меѓу филмските работници како куќа на Катинка и се наоѓа во Белград, на Дедиње.  Таа ја започнува својата филмска кариера сосема случајно, кога еден тим ја забележа зградата и ја замоли сопственчка Катинка да им ја даде вила за снимање.

Куќата им одговараше заради големиот двор за сместување на тимот, изолацијата од другите соседи како и фактот дека се наоѓа релативно близу до центарот на градот.

Се вели дека низ оваа куќа поминале повеќе актери отколку преку кој било театар во главниот град.

https://www.youtube.com/watch?v=0rdsO-B0I_I

Извор: alo.rs

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тејлор Свифт е најплатената позната личност на светот

saso user

Трета среќа за актерот Шон Пен

saso user

Том Круз сака да ја види својата ќерка Сури после пет години

saso user