Македонија

Чаир има само десет заболени повеќе од Кисела Вода

Во земјава во моментов активни се вкупно 3.700 случаи на ковид-19, а најмногу случаи се регистрирани во Скопје 1426. Според дистрибуцијата на активни случаи по општини, во Скопје најмногу има во Чаир -168, следи Аеродром со 161 и Кисела Вода со 158.

Гази Баба има 139 активни случаи, Центар и Карпош по 128, Шуто Оризари има 113, а Ѓорче Петров 101.
Помалку од 100 активни случаи на нивна територија имаат следните општини: Бутел – 92, Сарај – 70, Студеничани – 54,  Арачиново – 24, Илинден – 23, Петровец – 17, Чучер Сандево – 10, Сопиште – 20 и осум во Зелениково.
Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  од направени 1621 тестови регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19, од нив најмногуи се во Скопје – 47 новозаболени.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891,  бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Да се искористат сите програми за ракот на грлото на матката да се открие во рана фаза

saso user

Германска донација од 152.000 евра за маски и возила за неколку болници

saso user

Камчев: Не сум бил поканет за „Тортура“, да бев поканет ќе дојдев!

saso user