Спорт

Топ 10 најплатени ракометари во 2020 година

Ракометот не важи за добро платен спорт од повеќе аспекти. Играчите заработуваат генерално смешни суми во однос на нивните колеги од фудбалот и кошарката, а газдите и сопствениците на ракометните клубови остваруваат минимални профити по една завршена сезона.

Сепак, големите ѕвезди во ракометот како Никола Карабатиќ и Микел Хансен, во ракометни рамки се издвојуваат од останатите и нивните плати на месечно ниво изгледаат далеку попристојно од вообичаено.

За да се избегнат шпекулации од типот „месечната плата на Ханс Линдберг изнесува 120.000 евра, или пак „трансферот на Андреас Волф во Киелце изнесуваше четири милиони евра“, популарниот ракометен медиум „Handball-Planet.com“, направи листа на топ 10 играчи со најголема месечна заработувачка.

На врвот на листата, очекувано, се наоѓаат двајцата најдобри ракометари на ПСЖ, Никола Карабатиќ и Микел Хансен. Третиот на оваа листа е норвешкиот бек Сандер Сагосен од германски Кил, а четврти е голманот на полски Киелци, Андреас Волф.

Арон Палмарсон од Барселона и Домагој Дувњак од Кил се наоѓаат на петтата, односно шестата позиција на оваа листа, додека пак Џулиус Кун од Мелсунген и поранешниот играч на Вардар, Лука Циндриќ, по месечна заработка се наоѓаат на седмата и осмата позиција.

Списокот составен од еминентниот ракометен веб-сајт ја затвораат Расмус Лагуе Шмит од Веспрем и Никлас Ландин од Кил.

Оваа листа претрпе мали промени, откако Ласло Наѓ, Момир Илиќ, Тиери Омејер, Арпад Штербик и Даниел Нарцис, се повлекоа од професионалниот ракомет.

Најголемиот дел од ракометарите на оваа листа, на месечно ниво добиваат 25-30.000 евра, освен првите двајца, Хансен и Карабатиќ, чија месечна заработка изнесува барем двојно повеќе.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Рамос постави рекорд во Ла Лига, па се повреди

saso user

Донарума останува во Милан

saso user

Пилотот на авионот на Сала немал дозвола за летање ноќе

saso user