Бизнис

Тинејџер ги хакирал Твитер налозите на Безос, Маск и Гејтс

Седумнаесетгодишниот Грем Кларк од Тампа, Флорида е обвинет дека хакирал повеќе Твитер налози, помеѓу кои и на најбогатиот човек во светот Џеф Безос, сопственикот на „Тесла“, Илон Маск и основачот на Мајкрсофт, Бил Гејтс.

Кларк се товари по 30 точки од обвинението за измама на повеќе луѓе ширум САД поврзани со хакирањето на Твитер налозите на познати и моќни Американци на 15 јули.

Според обвинението Кларк имал намера да ги украде идентитетите на познатите личности, за да ги наведе жртвите да му испратат биткоини. За само еден ден на Кларк му се уплатени биткоини во вредност поголема од 100.000 долари.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заживува изградбата на „Чебрен“, тендер до крајот на годината

saso user

Крај на една ера, А380 заминува во историјата

saso user

Во април повисоки трошоците за зеленчук и овошје, пониски за горивата, облеката…

saso user