Здравје

Со мали и едноставни чекори до поголема љубов кон самите себе

Сакате да научите да се сакате самите себе повеќе, а мислите дека не можете? Всушност постојат повеќе начини на кои малку по малку, може да ја подобрите грижата за себе, а со тоа и сопственото ментално здравје. Да се сакате самите себе, не значи да изгледате подобро од сите свои пријатели на социјалните мрежи. Тука не се работи за тоа да поседувате големо богатство или многу материјални работи, бидејќи тие создаваат илузија за среќата. Таа доаѓа одвнатре, преку почит и прифаќање. Задоволството со самите себе и со својот живот се однесува на ситници.

Научете како да се сакате себеси преку овие 9 едноставни правила, што ќе ви помогнат да внесете повеќе радост во животот:

Поставете си помали цели

Понекогаш границите може да бидат поставени превисоко, а тоа создава обесхрабрување, бидејќи така сме подалеку од остварувањето на своите цели. Секогаш настојувајте да бидете барем за еден процент подобри. Чекорете со мали чекори и ќе добиете голема самодоверба со текот на времето.

Научете се да кажете „не“

Поставете си пониски граници за да можете да дадете се’ од себе и да се чувствувате среќни секојдневно. Кажете му „не сега“ на своето семејство и научете да кажете „не“ ако од вас се бара решение за туѓите проблеми. Меѓутоа кажете им „да“ на здравите навики и „збогум“ на таканаречените психички вампири што ви ги крадат радоста и самодовербата.

Опуштете се

Смејте се повеќе. Да се биде совршен е преценето. Затоа пејте, танцувајте и не грижете се за тоа дали некој ве гледа. Почувствувајте ја возбудата од тоа да бидете свои и засакајте го тоа чувство.

Вежбајте благодарност

Заблагодарете се. Доколку имате едноставна рутина со која еднаш во текот на денот ќе се заблагодарите барем во своите мисли за се’ она што го имате, ќе бидете посреќни.

Почитувајте ги вашите чувства

Среќните луѓе не се задоволни цело време, туку тие се изразуваат на што е можно поавтентичен начин. Поседувајте свои емции. Во ред е да не се биде во ред. Поттиснувањето на вашите чувства на крај ќе создаде експлозија.

Негувајте го своето тело

Многу луѓе ја базираат сликата за себе на својот надворешен изглед, но најважно е тоа што го имате внатре, а тоа е вашата благосостојба. Внимавајте добро на себе, односно вежбајте, хранете се здраво и спијте доволно. За да се чувствувате добро, клучно е да јадете здрава храна, но и да пиете многу вода за да не дехидрирате. Негувајте го не само телото, туку и умот и душата

Разговарајте со самите себе со многу љубов

Како разговарате со пријателите што не се чувствуваат добро? Веројатно со грижа и нежност.  Во такви ситуации сигурно им ги набројувате на пријателите сите нивни добри особини и им говорите дека може да направат се’ што ќе посакаат. Значи, водете такви разговори и со самите себе. Охрабрете се. Ако сте изгубиле блика личност, обратете се за разговор кон некој во кој имате доверба за да ви укаже на ваште доблести.

Одморете се

Земете одмор од три минути, три часа или денови – толку колку што ви е потребно за да ги „наполните батериите“. Ако сте вработени затворете ги очите или оддалечете се на неколку минути. Заштитете ја својата енергија. Создадете „заштитен штит“ околу вас и правете го она што ќе ви помогне да се обновите. Ќе се чувствувате поопуштено и енергично. Освен тоа, секојдневните предизвици ќе можете да ги остварите многу поуспешно и пооптимистично.

Бидете свесни за своите вредности

Да се чувствувате добро во својата кожа, значи да ја препознаете својата вредност. Преиспитајте се самите себе, за да заклучите како придонесувате за работата, за заедницата, па и за односите што ги негувате со другите луѓе. Секој има некаков талент што доаѓа до израз во одредени ситуации.

Заслужувате среќа во секој момент од денот. Бидете со позитивни луѓе што ве охрабруваат и поддржуваат. За да бидете среќни, мора да се заљубите во самите себе, што значи да се сосредоточите на својата грижа. Така ќе си овозможите повеќе радост во своето секојдневие.

 

Извор: ljepotaizdravlje.hr

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Направете маска за лице од домати и сода-бикарбона, ќе бидете изненадени од резултатот

saso user

Најдовме лесен рецепт за еликсир на младоста – со цвекло и вотка

saso user

Најпопуларна диета во 2020 година е „шведска“ диета

saso user