Свет

Се урна авион со половина тон кокаин

Австралиската полиција соопшти дека мал авион Цесна се урнал веднаш по полетувањето од Папуа Нова Гвинеја, бидејќи бил преоптоварен со кокаин наменет за австралискиот црн пазар.

Би-Би-Си јави дека припадник на полицијата изјавил оти „алчноста на криминалците довела до падот на авионот“.

Полицијата соопшти дека во авионот биле натоварени повеќе од 500 килограми кокаин со проценета вредност од 80 милиони долари, како и дека се уапсени пет мажи за кои се верува дека припаѓаат на криминална банда од Мелбурн.

Во соопштението на австралиската полиција се наведува дека криминалната група е под надзор веќе две години.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во пламен американска военo-воздухопловна база во Јапонија

saso user

Кина тврди дека западни политичари ги поттикнуваат немирите во Хонг Конг

saso user

Уапсени 282 лица во Франција при инциденти по победата на Алжир

saso user