Свет

Се видел на слика стара 115 години- Маж убеден дека живеел во минатиот живот

Младиот човек од Велика Британија се изненади кога го виде својот двојник на фотографија од 1905 година.  Мајкл Коропис беше збунет од фотографијата за која првин мислел дека се видел себе си, за да наскоро сфати дека фотографијата  датира од викторијанското време.

24-годишниот од Стокпорт вели дека некој му испратил фотографија на Инстаграм затоа што мислел дека е тој. „Зачуден сум кога сфатив дека не сум јас, имаме иста коса, иста форма на лице, нос и стил на облекување“, рече тој.

За да се увери дека фотографијата не е лажна, тој се фрлил во потрагата и откри дека е направена пред 115 години. На фотографијата е неговиот двојник, маж во раните дваесетти години, како ја гледа својата нова сопруга.

Мајкл вели дека секогаш бил фасциниран од викторијанската ера, па дури и ја посветил својата гардероба и начин на живот на таа ера. „Сега тоа може да биде заради мојот минат живот“, вели тој. Тој додава дека многу луѓе го нарекле патник низ времето, но тој не знае што да мисли. „Мора да биде најбизарната работа што сум ја видел досега, навистина личи на мене“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Рама: ЕУ треба да дејствува геостратешки и врз основа на заслуга за преговорите

saso user

Демонстрантите во Бејрут убија полицаец ВИДЕО

saso user

Првите случаи на зараза со ковид-19 во Италија датираат од јануари

saso user