Балкан

Рекорден број на новозаразени во Албанија, десет починати во Косово

Нов негативен рекорд e забележан во Албанија во последното деноноќие, кога станува збор за новозаразени со ковид-19.

Според Министерството за здравство и социјална заштита, во изминатите 24 часа регистрирани се 120 новозаразени со коронавирус, што е највисока бројка до сега од 9 март, кога беа регистрирани првите два случаи, татко и син, по нивното враќање од Италија.

И понатаму главно жариште на болеста е Тирана, од каде се 57 од новозаразените, а ново жариште повторно станува Драч, каде има 15 новозаразени.

Во исто време починале четворица, додека оздравеле девет пациенти.

Во изминатите 24 часа во Косово се регистрирани 10 починати лица кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата на ковид-19 достигна до 236.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Грците утре ќе комбинираат плажа и избори

saso user

Петровиќ: Денешниот напад е последица на кампањата од Приштина и Белград против мене

saso user

Приведени 18 лица, повредени шест полицајци во протестите во Белград

saso user