Свет

Претседателот на Мексико ќе стави маска кога ќе исчезне корупцијата

Мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор денеска изјави дека ќе носи заштитна маска само откако целосно ќе се искорени корупцијата во земјата.

– Знаете кога ќе ставам маска? Кога нема да има корупција. Тогаш ќе ставам маска и ќе престанам да зборува – рече Обрадор на прес-конференција, во момент кога неговата земја стигна на третото место во светот по бројот на смртни случаи од ковид-19, јави Би-Би-Си.

Корупцијата одамна е болна точка во мексиканскиот политички систем и земјата се наоѓа на 130 место на најновиот список на Транспаренси Интернешнл според индексот на корупција во светот.

Обрадор, кој е скептичен за носење маски, е цел на критики поради неговата реакција на пандемијата, затоа што се верува дека тој ги вовел рестриктивните мерки доцна, а потоа нагло ги укинал.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

На Денот на победата, Путин го очекува Трамп во Москва

saso user

81 земјотрес регистрирани ноќеска во близина на Курилските Острови

saso user

Индонезискиот претседател одлучи Џакарта да не биде веќе главен град

saso user