Здравје

Препознајте ги симптомите на топлотен удар и сончаница

Со пораст на температурите расте и ризикот од сончаница и топлотен удар- препознајте ги симптомите на време и научете како да помогнете на личност која ги има тие симптоми.

Сепак иако многумина ги мешаат , сончаницата и топлотниот удар не се исто, иако станува збор за слични здравствени проблеми. Овие денови кога е пеколно топло, важно е да знаете да ги препознаете симптомите и да знаете што треба да направите доколку ги имате вие или па некој во ваша близина.

Сончаница:

Сончаницата настанува како последица на прекумерно изложување на сонце. Карактеристични симптоми за сончаница се :

  • силна главоболка;
  • зголемена телесна температура
  • сува кожа
  • поспаност
  • вртоглавица
  • „мрак “ пред очи
  • зуење во ушите
  • несвестица

За да помогнете на личност која има сончаница би требало веднаш да ја посочите во ладна и затемнета просторија, личноста да легне, доколку личноста изгубила свест тоа ќе треба вие да го направите, и да ја разладите со вода на собна температура, дадете и да пие вода во која може да додадете и малку сол.Сепак, доколку утврдите дека на личноста не и е подобро, повикајте итна медицинска помош.

  • Топлотен удар

Не мора да бидете директно изложени на сонце за да добиете топлотен удар, доволно е да престојувате во прегреана просторија за да се прегрее и вашето тело.

Симптоми:

  • Забрзано дишење
  • забрзан пулс
  • покачена телесна температура
  • чувство на слабост
  • сува кожа
  • недостатог на потење
  • низок крвен притисок
  • вртоглавица
  • жед

На личност која има топлотен удар може да и помогнете така што веднаш ќе ја засолните во ладна просторија, ако има услови добро е личноста да се истушира со ладна вода, и треба да се пие вода. Задолжително да се консултира доктор за понатамошна нега.

За да се заштитите од сончаница или топлотен удар најдобра превенција е да не излегувате надвор за време на најтоплиот дел од денот но, ако веќе морате надвор, понесете со себе шише со вода. Доколку возите автомобил без клима, држете влажен пешкир околу вратот. Носете лесен шешир, немојте да се прејадувате, избегнувајте алкохол и кафе и што почесто туширајте се со млака вода.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Неколку типови на болка кои не смееме да ги игнорираме

saso user

„Мишелинките“ се насобрале и ве нервираат, а доаѓа летото- како да се спасите од маснотиите на телото

saso user

Проверете дали срцето ви е здраво: Едноставен тест од 30 секунди ги дава сите одговори

saso user