Македонија

Почина маж во сообраќајка на албанско и македонско возило кај Елбасан

Македонски државјанин учествувал во сообраќајна несреќа што се случила препладнево на патниот правец Елбасан-Пеќин, во Албанија.

– Тешката сообраќајна несреќа се случи на патниот правец Елбасан-Пеќин, кога од непознати причини дошло до директен судар на автомобил „сузуки“ управуван од Х.Р (67) од Елбасан и автомобил „мерцедес“ управуван од М.К.(38) од Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

На местото на несреќата починало лицето А.Н.(55) жител на Тирана, кој бил сопатник во  автомобилот „сузуки“, додека со полесни повреди поминале лицата кои управувале со возилата.

Увидот треба да потврди која е причината за несреќата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Верижен судир со пет возила пред граничниот премин „Богородица“

saso user

Врховен го укина домашниот притвор на Мијалков за „Империја“

saso user

Ахмети му постави црвена линија на ВМРО-ДПМНЕ за Договорот со Бугарија

saso user