Сцена

Замина да и купи подарок за годишница, а сега се бори за живот- Рајко Дујмиќ уште во кома

Музичарот Рајко Дујмиќ од средата вечерта е во одделот за интензивна нега во Клиничката болница Ријека, по тешката сообраќајна незгода, а утрово од болницата изјавија за РТЛ дека неговата состојба е непроменета и дека неговиот живот сè уште е во опасност. Неговата сопруга, Снежана Дујмиќ, е неутешна поради страшната несреќа и состојбата во која се наоѓа нејзиниот сопруг, а сега на социјалните мрежи го објави инструменталот на песната на Рајко „Пеење на шумите“, во која може да се чуе чукањето на срцето.

„Сигурна сум дека срцето на Рајко ќе чука уште долго време“, напиша Снежана

Несреќата му се случила точно на нивната 38-годишнина од кога ја запознал Снежана. Рајко сакал да ја прослави нивната годишнина во нивната викендичка во Стари Лаз кај Равна Гора, каде што Снежана престојува последните неколку недели. Пред вечерата, тој отишол да и купи подарок на својата сопруга, но на враќање слета од патот во длабочина од 11 метри. Две ребра му се скршени, а  доби сериозен удар во главата.

Извор: vecernji.hr

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

BDM имаат нов хит – домашно парче со светски призвук ВИДЕО

saso user

Урната на Ѓорги Желчевски ќе биде положена во градината на сеќавања во Белград

saso user

Идентични близначки веќе девет години делат ист дечко и од него сакаат да станат мајки

saso user