Македонија

Дваесет и четиригодишна кавадарчанка е случај на ковид-19

Дваесет и четиригодишна кавадарчанка е нов случај на ковид-19, расте бројот на млади позитивни на вирусот во Кавадарци.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, за МИА информира дека таа не знаела дали имала контакт со заразено лице.

Од почетокот на пандемијата до денеска, во Кавадарци заболеа вкупно 60 лица. Регистриран беше и еден смртен случај во градот со позитивен тест на коронавирус, а стануваше збор за странски државјанин.

Седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 25 до 31 јули лабораториски е дијагностицирано присуство на ковид-19 кај 16 лица од Охрид, 48 лица од Струга и исто 16 лица од Дебар.

Изминатата седмица од вкупно земените 263 материјали за испитување 185 се собрани според епидемиолошки индикации, а 78 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар.

Во Охрид има 84 активни случаи, во Струга 195, а во Дебар 108 пациенти. Во истиот период оздравени се 37 лица од Охрид, 43 лица од Струга и 17 лица од Дебар. Изминатата седмица двајца стружани починаа од коронавирус.

Кога станува збор за вкупниот биланс од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден, ковид-19 е регистриран кај вкупно 916 лица во односните општини и тоа 272 лица во општините Охрид и Дебрца, 449 лица во општините Струга и Вевчани и 195 лица во општините Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 186, од Струга се 225, а од Дебар и Центар Жупа се 79 пациенти. Во Охридско починати се седум лица, во струшко 43, а во Дебар и Центар Жупа пет лица.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Секој спортист мора да има сопствено шише за напитоци, со име, а дома одат сами, без туширање

saso user

Се превртело товарно моторно возило во Штип, повреден кавадарчанец

saso user

Внук до смрт го претепал својот дедо

saso user