Tуризам Македонија Топ вести Урбани вести

(Галерија)Охрид претворен во голема депонија од „елитни“ туристи?!

Охридскај в’чера излезе со свое видување на туристичката сезона во Охрид,објавивме “Во Охрид летуваат и милијардери и уличари!“,за кој текст наидовме на несоодветни критики од страна на читателите, тоа бил квази елитен туризам!?

Дел од оние гости ,кој моментално престојуваат во Охрид ,а до пред ковид 19 ,не сакаа ниту да помислат да летуваат во Охрид , туку беа гости по мондемските одморалишта ширум светот, ни на сон ниту можеа да помислат да остават зад себе било каков отпадок !Она што во една Грција , Монако, Азурна обала ,Египет итн е незамисливо да го напрват , зошто казните се превисоки, тоа можат да го направат во домашните летувалишта и ,секако да не сносат никаква одговорност?!

Охридската обала , охридската чаршија , парковите , шеталиштата во Охрид , во раните утрински часови буквално изгледаат како една огромна депонија , од оние лица со закржлавени мозоци, татини и мамини синчина , кој „туристички“ дивеат во Охрид?!

ЈП Охридски Комуналец и покрај воведувањето на вондредни појачани смени на вработени и техника 24/7, се соочува со една грда глетка од крајно немање на основна култура и забеганост на квази туристите во Охрид.И покрај тоа што контејнери и корпи за отпадоци има на секој метар, елитните туристи повеќе преферираат да ги избегнуваат корпите и контејнерите за отпадоци,едноставно за нив целиот град ,целата обала и целото езеро се контејнер на нивната забеганост и немање на елементарна домашна култура!?

До денес не видовме и не прочитавме во ниту еден билтен на МВР ,дека некое лице е санкционирано , тааквви не постојат , постои срамна гледка за ново ширење на пандемија…

 

Фотографија на Ljupco Grdanoski.Фотографија на Ljupco Grdanoski.Фотографија на Ljupco Grdanoski.Фотографија на Ljupco Grdanoski.Фотографија на Ljupco Grdanoski.Фотографија на Ljupco Grdanoski.Фотографија на Ljupco Grdanoski.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

До 8 часот во Охрид 3 нови случаеви,а и во Ресен 3 случаеви на Ковид 19,едно лице во тешка состојба.

saso user

Пендаровски: Најмалку четири амбасади на земјава во странство ќе се затворат

saso user

Во Прилеп седум нови заразени со ковид-19, а по еден во Долнени и Кривогаштани

saso user