Свет

Во Германија 955 заболени со ковид-19 за еден ден

Во Германија во изминатите 24 часа регистрирани се 955 новозаболени со ковид-19, што е најголем дневен пораст од 9 мај.

Пандемијата во Германија главно е ставена под контрола, но властите изминатите недели предупредуваат на новите случаи на зараза.

Институтот за заразни болести Роберт Кох оцени дека порастот на новозаболеми лица е последица на непридржувањето на правилата за физичка дистанца, како и на пристигнувањето на патници од странство.

Во Германија досега се потврдени 209.653 сличаи на новиот коронавирус, а починале 9.148 луѓе.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Поради циклон, евакуирани околу 2.000 лица во северниот дел на Австралија

saso user

Растерани демонстрантите од пред српскиот Парламент

saso user

Робот птица со 40 вистински пердуви ВИДЕО

saso user