Свет

Бил Гејтс за вакцината: Лагата се шири побрзо од вистината

Сите земји во светот мора да се обединат за да спречат пандемија на коронавирус, рече Бил Гејтс, основач на Мајкрософт и копретседател на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, во новото онлајн издание на Њујорк Тајмс.

– Пандемијата влијае на здравјето на луѓето и економијата, во сите делови на светот, без исклучок. Борбата против ширењето на вирусот започнува во секоја земја, но не смее да застане тука, рече Гејтс.

Според Си-Ен-Ен, се вели дека сите земји мора да работат заедно за борба против вирусот.

„Додека не ја спречиме пандемијата на планетата, вирусот ќе продолжи да се враќа“, предупреди Гејтс.

Бил Гејтс, изјави дека на социјалните мрежи лагите многу побрзо се шират од вистината. Во интервјуто за Си-ен-би-си, Гејтс се осврна и на постовите на својот „колега милијардер“, технолошкиот могул Илон Маск, кој е познат по честото користење на Твитер, а поводот за изјавата на Гејтс е ставот на Маск за коронавирусот. Тој го намалува значење на коронавирусот, а бидејќи има 37 милиони следачи, неговите постови често креваат многу прашина.

Маск зборуваше за „непотребната и фашистичка“ одлука за да се воведе карантин во САД, и направи сѐ што можеше за неговите компании да работат и за време на пандемијата на коронавирусот.

Гејтс, пак, се вклучи во борбата против вирусот, и често се огласува со ангажирање на пронаоѓањето на вакцина за Ковид-19.

„Илон само сака да одржи што е можно поголем број контроверзни коментари. Меѓутоа, не е вклучен во целата приказна околу вакцината. Прави одлични електрични автомобили и ракети, и затоа му е дозволено да го зборува сето тоа. Се надевам дека никогаш нема да ги измеша нештата во кои е добар со оние за кои не знае ништо“, кажа Гејтс.

Што се однесува до лагите на социјалните мрежи, Гејтс смета дека се идеално тло за ширење погрешни информации и лаги.

„Кога на луѓето ќе им дозволите да комуницираат, мора да бидете спремни на тоа дека некои неточни нешта, кои звучат примамливо, ќе се шират побрзо од вистината. Така е и со вакцината“, кажа милијардерот филантроп.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Поларна лисица преминала пат од Норвешка до Канада за 76 денови

saso user

Трамп: Сиетл е преземен од терористи

saso user

Во Италија почина стотиот лекар

saso user