Македонија Топ вести

Џафери мора да мирува, Мисовски ќе оди на Мечкин камен

Делегацијата на Собранието по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Денот на Републиката, на Мечкин камен во Крушево, ќе ја предводи потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, соопшти денеска собраниската прес служба.

„Претседателот на Собранието Талат Џафери е во добра здравствена состојба, но по препорака на лекарите неопходен му е дополнителен одмор и мирување“, додаваат од собраниската прес-служба.

Џафери на 24 јули беше хоспитализиран на Инфективната клиника со симптоми на коронавирус, иако тестирањата на ковид-19 му биле негативни.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

На поповите и оџите не им беше дозволен влезот во Собрание

saso user

Филипче: Здравствениот систем е подготвен за пикот на крајот на април

saso user

ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ДА ГО ИСПИТА РАБОТЕЊЕТО НА АНТОНИО ДОДЕВСКИ,А ПОТОА ОПШТИНА ОХРИД ДА МУ ДАВА 50000 ЕВРА?!

saso user