Урбани вести

ОДЛОЖЕНО ОДРЖУВАЊЕТО НА ИЛИНДЕНСКИОТ МАЛ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

Поради зголемениот број на туристи во Охрид и специфичните состојби за почитување на протоколите и мерките за заштита од Корона вирусот „Ковид-19“, 41. издание на Илинденскиот мал пливачки маратон е одложено и нема да се одржи на 2-ри август, како што беше претходно најавено.

Овогодинешното маратонско издание ќе се одржи во некој од наредните викенди во месец август, а точниот термин за одржување ќе биде дополнително соопштен.

Организатор на овој традиционален спортски настан е пливачкиот клуб „Охридски бранови“, а покровител е градоначалникот Константин Георгиески и Општина Охрид.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нефи Усеини кандидат за пратеник од ДУИ на трето место во 5та изборна единица

saso user

НАЈМЛАДИТЕ ЈА ПРЕНЕСОА ПОРАКАТА ЗА БЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

saso user

ЗАВРШИ ТРИЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

saso user