Урбани вести

Ногачески: Деновиве го добивме Елаборатот од извршеното бушење на експлоатационен бунар во село Требеништа

Деновиве го добивме Елаборатот од извршеното бушење на експлоатационен бунар во село Требеништа, изработен од фирмата “ГПР Инжинеринг” Дооел Охрид.

➡️Според резултатите од истражните работи и пробно експлоатациониот бунар може да се заклучи:

👉бунарот е изведен на длабочина до 30 метри , со пречник на дупчење фи 450 мм ,зацевен со ПВЦ цевки , 10 бари и фи 225 мм ;

👉нивото на подземна вода е регистрирано на 5,70 м, мерено од површината на теренот;

👉вкупната издашност се ограничува на 17 лит./ сек., што значи околу 1000 литри во минута;

на предметната локација постојат услови за зафаќање и експлоатација на подземната вода за пиење.

➡️Според наодот за исправноста на водата, изготвен од Центарот за јавно здравје Охрид, во однос на хемиските и физичките својства водата одговара и најважно нема присуство на железо, а поради пројавената матност ( примерокот веднаш е земен ) потребно е прочистување со дополнителна пробна експлоатација на бунарот.

➡️Во однос на бактериолошката анализа, за обезбедување на исправност на водата потребно е перманентно хлорирање.

✔️Заради ставање на бунарот во целосна функција следува :

👉обезбедување на електрична енергија до 30 киловати и набавка на препорачаната пумпа;

👉поставување на водоводен крак, во должина од околу 800 метри .

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

СВИКАНА ДВАЕСЕТ И ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

saso user

Општина Дебрца со поддршка за кампањата на Црвениот Крст за Прва помош

saso user

ЗАВРШНА РАБОТИЛНИЦА ОД ПРОЕКТОТ ЗА ИНКЛУЗИВЕН УРБАН РАЗВОЈ

saso user