Спорт

Дончиќ на чекор да го сруши 40 години стариот рекорд на Меџик Џонсон

Плејмејкерот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, ја заслужи можноста да руши легендарни рекорди во својата втора сезона во НБА. 21-годишниот Словенец има шанса да стане најмладиот кошаркар (21 година и 168 дена на крајот на регуларната сезона), кој ја предводи НБА-лигата по број на „трипл-дабл“ за една сезона, со што ќе скрши речиси 40-годишен рекорд на Меџик Џонсон за сезоната 1980/81, според статистичките податоци на „Елиас спортс биро“.

Дончиќ во моментов е лидер на „трипл-дабл“ со 14, но внимателно го следат sвездата на Лејкерс Леброн Џејмс со 13 и лидерот на Денвер, Никола Јокиќ со 12.

Вечерва од 03:00 часот словенечката сензација и неговиот тим Далас Маверикс излегуваат за првиот од вкупно осум преостанати натпревари од регуларната сезона против Џејмс Харден и Хјустон.

Пред прекинување на сезоната, Дончиќ во просек имаше 28,7 поени, 9,3 скока и 8,7 асистенции.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ленард: Коби, ова е за тебе!

saso user

Венус Вилијамс загуби од 199-тата во светот

saso user

Лондон повторно домаќин на финалето на ЛШ во 2023 година

saso user