Македонија Топ вести

Двајца пациенти добија бубрег од починат донор, нема соодветен примател на срце

Утрово на Клиниката за Урологија беа експлантиран  два бубрега од 46 годишен пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт, информира министерот за здравство Венко Филипче.

– Во моментов, во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација. За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два животи. Да се донесе одлука да се даруваат органите на блискиот во моментите кога го губите засекогаш, е тешко. Потребно е многу сила, многу љубов и хуманост да мислите на нечиј туѓ живот кога го губите саканиот. Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни. Бескрајно сме им благодарни што уште еднаш ни покажаа дека живот сепак може да се подари – изјави Филипче.

Ова е втора кадаверична трансплантација и четврта од жив донор годинава. На 23 мај од починат донор се трансплантираа срце и бубрези. Претходно имаше уште четири трансплантации на бубрези од жив донор. Во период кога здравствениот систем е под притисок на пациенти со ковид-19, Програмата за транплантација продолжува да се реализира.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

СДСМ: Фрустрираниот Мицкоски е против се, одработува за оние што сакаат да ја одалечат земјата од ЕУ и НАТО

saso user

Расправата за пописот се сопна по втор пат

saso user

Финансиска полиција ги сомничи газдите на „Прототип“ и „Феро центар“ за затајување данок

saso user