Бизнис

Градинките да ги отворат вратите кога МТСП и општините ќе ги прошират занималните

Министерството за труд и социјална политика и Општините да изнајдат решение за просторните капацитети на градинките, е препораката од состанокот на Комисијата за заразни болести и претставниците на МТСП.

Од Министерството за здравство информираат за МИА, дека на состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на МТСП се разговарало за почеток на функционирањето на градинките.

– Заклучокот е дека Комисијата препорачува МТСП и општините да изнајдат решение за просторните капацитети. МТСП да дадат предлог датум за отварање на градинките, согласно можноста за исполнување на условите за спроведување на протоколите кои ги изработи Комисијата за заразни болести – соопштија од Министерството за здравство.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Германија е во техничка рецесија

saso user

Поскапи горива во просек за еден денар од полноќ

saso user

Тројца добитници на Нобеловата награда за економија

saso user