Балкан

Во центарот на Софија со шатори против Бојко Борисов

По тринеделните протести, демонстрантите во Софија поставија шатори на големиот крстопат и пред зградата на Владата, ветувајќи дека ќе го задржат блокиран центарот на бугарската метропола се’ додека владата на премиерот Бојко Борисов не поднесе оставка.

По неколку илјади претежно млади луѓе митингуваат секој ден во Софија од почетокот на јули, а исто така протести има и во други поголему бугарски градови, обвинувајќи го премиерот Борисов за неуспех во борбата против корупција во полза на моќните локални тајкуни.

Бојко Борисов (61), кој доминира во политичкиот живот на Бугарија во изминатата деценија, изјави дека ќе остане на функцијата до следниот март кога треба да се одржат редовните избори, а деновиве  разреши неколкумина клучни министри за веројатно да покаже дека неговиот кабинет не работи под влијание на приватните интереси. Сепак, тие промени не успеаја да го намалат длабоко вкоренетиот ревлолт на јавноста со широко распространета корупција.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Грција стартува целосната забрана за движење

saso user

За правата на Хрватите во БиХ Ковач го предлага „белгискиот модел на региони“

saso user

Грција на неделно ниво ќе почне да ги објавува заразените

saso user