Бизнис

Јовановиќ: Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4 отсто, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа

Поранешниот советник на министерот Тевдовски Бранимир Јовановиќ на Фејсбук споредува како другите земји се справиле со кризата предизвикана од ковид-19 без да го оптоварат буџетот на граѓаните.

„Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки. Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци. Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас. Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%. Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци. Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа“, напиша Јовановиќ.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Паѓаат каматите на кредитите

saso user

Родените пред 1967 година да се изјаснат дали остануваат во приватниот пензиски фонд

saso user

Мобилна апликација и на Службен весник услугата бесплатна првите три месеци

saso user