Балкан

Расте бројот на заразени во Грција, 16 биле увезени во танкер

Веќе трет ден во Грција е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, највисок во изминатиот период, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Националната организација за јавно здравје, во изминатите 24 часа, регистрирани се 65 нови случаи, од кои 17 се по направените тестови на влезните точки во земјата, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 4.401.

Меѓу денешните се и 17 увезени случаи кај лица кои доброволно се тестирале, а 16 од нив се вработени во танкер што е закотвен на атинското пристаниште Пиреас.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тачи: Сонот на Прешевската Долина за обединување со Косово ќе го направам реалност

saso user

Во Србија најголем раст на заразени – 81 случаи, вкупно заразени се 384 лица

saso user

Во Албанија заразени 110 деца со ковид-19

saso user