Досие Македонија Топ вести

НОВ СКАНДАЛ ВО ЦРВЕН КРСТ ОХРИД: За да остварат профит од 2 милиони евра Точков и Додевски на криминален начин го одземаат Планинарскиот дом на Галичица?!

Нови криминални скандали ја тресат општинската организација на Црвен Крст од Охрид, повторно поврзани со фамозната Горско спасителна служба при Црвен Крст Охрид во организација на Сашо Точков и Антонио Додевски.

Реадкцијата Охридскај обзнани за финасиските скандали поврзани со работењето на Црвен Крст Охрид поврзани со проектот Горско спасителна служба , тежок 500.000 евра , како и за криминалните фамозни дневници од над 200.000 евра ,кој завршиле во џебовите на Додевки и Точков!

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција , како и Основното јавно обвинитеслтво Охрид ,до денес не одговорија пред сериозниот предизвик , да го испитаат работењето на тандемот Точков-Додевски и Црвен Крст Охрид ,а со тоа да докажат,дека пред законите сите се еднакви?

ДОДЕВКИ И ТПЧКОВ САКАТ ДА ГО ПРИСВОЈАТ ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ГАЛИЧИЦА?!

.Во 2016 година ,по претходно изготвен проект за апликација на грант од страна на Аница Палацо,за изградба на меѓугранични планинарски центри за спасување , Црвен Крст Охрид-спасителна служба добива Грант во висина од 400.000 Евра од германската фондација ГИС. Додевски и Точков за да ја добијат втората транша од 500.000 евра од германската фондација ГИС, во проектот навеле изградба на Планинарсски Дом во Националниот парк Галичица , како и изградба на тренинг центар за планинари веднаш до Планинарскиот Дом во Националниот парк Галичица на површина од 4000 метри квадратни?!

Планинарскиот дом во Националниот парк Галичица изграден е во далечната 1958 година ,истиот е во сопственост на Националниот парк Галичица . Во 2010 година , тогашниот гардоначалник на Охрид Александар Петрески со општински средства ,а по претходна согласност од Националниот парк Галичица врши комплетно реновирање на Планинарскиот дом на падините на Галичица ,како и на школото во село Велестово. Во тоа време општина Охрид предводена од Петрески , склучува џентламенски договор со Националниот парк Галичица со кој договор на користење му се даваат двата дома еден во селото Велестово и другиот на падините на планината Галичица. Домот во селото Велестово е во сопственост на Општина Охрид , додека планинарскиот дом во Националниот парк Галичица е во сопственост на установата Националниот парк Галичица, додека Црвен Крст Охрид му се дава право на користење на двата дома без надохнада , но исклучиво за наменски потреби, спасување на лица во планински услови, и тука започнува играта на лична приватизација и профит на тандемот од Црвен Крст Охрид Токов и Додевски!

Точков и Додевски домот во селото Велество го претвориле во лична сопственост и истиот го издаваат како место за смештај на туристи, со што Општинската Организација на Црвен Крст Охрид ја претвориле во профитабилна организација , додека паричниот надоместок од рентајнето на апартмани во домот во Велестово,наместо во касата на Црвениот Крст Охрид , завршувале во нивните приватни џебови?!

Ист случај , но само со малку поголема тарифа за сместување ,се случува и во Планинарскиот Дом во Националниот парк Галичица? Планинарскиот дом се издава според сознанија на редакцијата ОхридСкај и по 150 евра за ноќевање,на богата клиентела ,која ужива во убавините на Националниот парк Галичица, доека паричните средства од остварениот приход за ноќевање и диливери сервиси со возила на Црвен Крст Охрид ,завршуваат во рацете на тандемот Точков – Додевски!

Додевски и Точков за да ја добијат втората транша од 500.000 евра од германската фондација ГИС, но имаат сериозен проблем со Националниот парк Галичица.Додевски и Точков побарале од Националниот парк Галичица да им го дадат со договор планинарскиот дом во Националниот парк Галичица, без надоместок за период од 15 години,како и да им дадат договор за остапување на земјиште во Националниот парк Галичица од 4000 мкв.,без надоместок за период од 15 години,каде би изградиле тренинг камп за планинари?! како што дознаваме ,дрскоста на тандемот Точков-Додевски заминала до таа мера , што тие буквално ги условувале во Националниот парк Галичица,дека тие имале Корисничко право и дека како долгогодишни корисници на Планинарскиот дом , истиот според нив правно бил во нивна сопственост?!  Во ЦРМ ,а ниту во финансиките документи на Општинската Организација на Црвен Крст Охрид , никаде не постојат двата објекти , оној во Велестово ,а ни оној во Националниот парк Галичица,дека се основни средства на невладината и непрофитабилната организација на Црвениот Крст Охрид.Не псотои никаква финасиска документација за реновирањето на двата објекти , со оглед на фактот што истите со свој средства ги реновираше Општина Охрид .Дали на повидок имаме уште еден оргнизиран криминал од поголеми размери на Црвен Крст Охрид ,предводен од тандемот Точков – Додевски, кој зад плаштот на наводен хуманизам  , криминално си ги полнат своите лични конта?!

Додека Општина Охрид мудрува околу рушењето на фамозните дивоградби Антониот Додевки пред две недели узурпирал над 4000 метри квадратни државно земјиште во атарот на село Велестово и започнал да гради дивоградби,за што ,како дознаваме било известено Јавното Обвинителство Охрид со пдонесок од страна на Националниот парк Галичица!Како што до сега постапувало ЈО во врска со криминалите во Црвен Крст Охрид , искрено сме на мислење дека и ова нова криминална афера тешка 2.000.000 евра ,како и узурпацијата на државен имот во строго заштитена зона во селото Велестово , ќе биде премолчена од страна на Јавното Обвинителство.

Сашо Денесовски -Лично

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Честитка од Помпео по повод Денот на независноста

saso user

Заев – Стерјовски: Перспективите на Македонија и Албанија се во ЕУ и во НАТО

saso user

Скопјани за влакно се спасиле кога на сред пат им се запалил мерцедесот ФОТО

saso user