Мода

Високи потпетици и секс? О, да!

Последните неколку месеци и немаат многу каде да ги носат, но жените обожуваат високи потпетици. Познато е дека мажите лудуваат по жените што ги носат. Високите потпетици визуелно ги издолжуваат нозете, а движењето со нив ги нагласува облините бидејќи задникот и колковите се мрдаат на секси начин. Љубителките на високите потпетици тврдат дека со нив добиваат поголема самодоверба.

Италијанската докторка Марија Церуто која и самата обожува високи потпетици, спровела истражување во кое учествувале 66 жени помлади од 50 години, со цел да се откријат придобивките од носењето вакви обувки за сексуалното здравје.

Со носењето високи потпетици ќе го зачините сексуалниот живот. Фактот дека жените со нив се чувствуваат посекси ја зголемува шансата за доживување оргазам. Тие се доволни за да го заведете партнерот, бидејќи високите потпетици во креветот претставуваат фетиш за многу мажи.

Сепак,  лекарите предупредуваат дека тие може да предизвикаат проблеми во грбот и стопалата, па затоа се препорачува во текот на денот да се носат потпетици високи само неколку сантиметри, а оние повисоките да ги „резервирате“ за вечерните излегувања или за сексуалните дружби во спалната соба. Кристијан Лобутин изјавил дека високите потпетици го „сместуваат“ духот во оргазмична состојба. Наводно, женското стопало во тој случај е во иста положба како и во моментите кога доживува оргазам. Затоа познатиот дизајнер е сигурен дека на овој начин полесно ќе дојдете до оргазмот.

 

Фото: Stock footage

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Маја Кикириткова ја престави својата нова колекција Есен/Зима

saso user

Армани се сели во Милано

saso user

Подари во „Копче“ и овозможи да блеснат за својата матурска или апсолвентска вечер!

saso user