Свет

Турски сеизмолог предупредува на можен катастрофален земјотрес во Истанбул

Разурнувачки земјотрес со јачина од над 7 степени по Рихтеровата скала во областа на Истанбул не е далечна перспектива, предупреди турскиот сеизмолог проф. Наџи Горјур во изјава за Си Ен Ен -Турк.

Професорот предупредува дека, очекувањето на можен силен земјотрес во регионот на Марморното Море не е само претпоставка, туку научна реалност.

– Земјината кора под Мраморното Море почна да пука, изјави научникот.

Според Горјур, неодамнешната сеизмичка активност во Силиври, во округот Истанбул, може да е сигнал дека очекуваниот силен земјотрес во областа доаѓа дури и порано од очекуваното.

– Последните два земјотреси во морето кај Силиври се случија на западниот крај на Кумбургз, за ​​кој очекуваме да пропадне, и ако тоа се случи, тоа би можело да предизвика земјотрес од најмалку 7,2 степени според Рихтеровата скала -, рече тој.

Според него, во зависност од уривањата кои евентуално силен земјотрес би ги предизвикал, бројот на жртви ќе биде најмалку 120 илјади.

Професорот, исто така, предупреди дека под ризик од земјотрес е и Источна Анадолија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Најмногу од новозаразените во Словенија се увезени случаи од Хрватска

saso user

Макрон и Трудо го озборуваат Трамп во Бакингемската палата ВИДЕО

saso user

Херој во Тексас спасувал деца за време на масакрот: Полицајци помислија оти јас сум напаѓачот (ВИДЕО)

saso user