Балкан

Седми ден протести во Белград, помалку демонстранти отколку претходно

Неколку групи граѓани се собраа вечерва околу 20 часот пред Домот на националното собрание во Белград, но далеку помалку отколку во претходните вечери, пишуваат медиумите од соседството.

Помеѓу насобраните граѓание и и поранешниот член на „Двери“, Срѓан Ного, кој во медиумите е означен како водач на насилните демонстрации заради што е приведен и сослушуван во Обвинителството, пишува „Танјуг“.

Се добива впечаток дека вечерва повеќе десно ориентирани демонстранти, кои и скандираат, додека граѓанскиот дел од протестот повеќе се држи на страна и се однесува како набљудувач, пишува српски „Н1“.

Протест вечерва се одржува и во Ниш, имено, неколку десетици демонстранти со транспаренти ја блокирале улицата пред зградата на Собранието на градот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Колинда: Ќе ја објавам кандидатурата еден убав сончев ден

saso user

Уапсениот Русин во северно Косово прогласен за „персона нон грата“

saso user

Вучиќ: Никогаш нема да ме уплашат и да ме скршат

saso user