Сцена

Продолжува потрагата по исчезнатата актерка: Била онеспособена пред да падне во езерото?

Постои сомнеж дека актерката Наја Ривера била онеспособена пред да се удави, известила полицијата, бидејќи се претпоставува дека актерката е мртва.

Наја исчезна во средата, откако пловеше со бротче со својот четиригодишен син Џос на езерото Пира, Калифорнија, а во тек е голема потрага.

Полицијата не ја исклучува можноста дека Наја ја удрила главата пред да падне во езерото.

– За жал, сè додека телото не се појави, дефинитивно нема да знаеме што, всушност, се случило со неа, без разлика дали станува збор за медицински проблем или таа имала некоја траума, односно удар пред да потоне под водата – рекол Мигел Гонзалез, шериф на округот Вентура.

– Како и во секоја истрага, така и тука ќе ги испитаме сите теории и ќе направиме токсиколошки наоди за да се утврди точната причина за смртта –  нагласил шерифот.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Дакота и Крис прегазиле жена на пешачки премин ФОТО

saso user

„Зегин“ го носи Џенан Лончаревиќ во Берово

saso user

Гвинет Палтроу се соблече гола, некои се згрозени од фотографијата ФОТО

saso user