Македонија

Првата дама беше дел од избирачките тимови: Ја исполнив граѓанската обврска, но и професионалната должност

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓеорѓиевска, на Фејсбук го сподели своето искуство како дел од посебните избирачки тимови кои денеска го спроведоа гласањето за лицата болни од коронавирусот, како и за лицата во самоизолација.

Таа напиша дека изборите во услови на пандемија се исклучително ретки, но дека и тогаш треба да им се овозможи на луѓето да го остварат своето право на глас.

„Денес, како лекар, ја исполнив граѓанската обврска, но и професионалната должност базирана на Хипократовата заклетва и бев дел од посебниот здравствен избирачки одбор за остварување на правото на глас на граѓани во самоизолација/болни од ковид-19“, соопшти Ѓеорѓиевска на својот Фејсбук профил.

Таа беше дел од избирачкиот одбор на територија на општина Гази Баба. Ѓоргиевска беше избрана по случаен избор од Државната изборна комисија (ДИК), а финансискиот надомест кој ѝ следува како член на избирачки одбор ќе го донира во хуманитарни цели.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Русковска до судија од Апелација: Ако сте ја пуштиле Катица, од гаќи ќе ве истресам

saso user

Лидерската средба неизвесна

saso user

Уреден е предлогот за референдум за депонија во Неготино, следува собирање на 3.200 потписи

saso user