Македонија

По објавата да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче, приведен директорот на скопска ЗOO

Директорот на Зоолошката градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски попладнево бил приведен во Секторот за економски криминал поради објава на неговиот профил на Фејсбук, јавува „Прес24“.

– Денеска Единицата за Економски и компјутерски Криминал при СВР СКОПЈЕ постапувајќи по Допис доставен од Одделот за компјутерски Криминал при БЈБ, следејќи ги социјалните мрежи, установиле објави со недолична содржина односно со објави кои што содржеле елементи на основи на сомнение за сторено кривично дело (не класифицирано) кое што се гони по службена должност заради што изготвиле Допис и со прилог издвоен материјал го доставиле до СВР СКОПЈЕ.  Од страна на ЕЕКК е постапено по предметниот допис преземени се соодветни мерки и активности, при што направен е увид во ФБ профилите на лицата кои што ги ширеле таквите објави, и за таа цел повикано е на разговор лицето Ѓ.Г. кој што од неговиот личен ФБ профил шерувал објава која што му била споделена од страна на друг ФБ пријател – велат од полицијата за Прес24.

Галетановски на Фејсбук објави статус со кој ги повикува гласачите на една партија да го чкртнат „Северна“ на гласачкото ливче. Во тој случај ливчето ќе стане неважечко.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Со 11,7 милиони денари ќе се обноват 97 излози во Старата скопска чаршија

saso user

Колевски: Ветингот не смее да ја наруши самостојноста на Обвинителството

saso user

Дескоска на Осмата Конференција на Конвенција на ОН за борба против корупција: Прочистувањето на корупцијата е најзначајниот процес во државата

saso user