Здравје

Полнети бабури во сос од кајсии

Бабурите ги полните со она со што ги полните и обично, мелено месо, кромид, ориз, доматно пире, или ако правите веге верзија, можете да ставите наместо месо, печурки, модар патлиџан или тиквица.

Вака наполнетите бабури ги редите во тенџере и ставате два-три прста вода, па додавате исечкани 3 кајсии и пола тиквица. Зачинете со мајчина душица, рузмарин или некој друг зачин по ваш вкус, се разбира, покрај сол и црн пипер.

Нека се сварат убаво, се додека не се разварат и кајсиите и тиквицата и не се направи убав сос.

Навистина е превкусно, па никогаш повеќе нема да ги правите полнетите бабури на оној вообичаениот, здодевен начин.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Сокот од зелка го уништува ракот, го јакне имунитетот и го штити срцето

saso user

„Рисдиплам“ – прва орална терапија за спинална мускулна атрофија достапна во соседството

saso user

Сладолед за појадок?

saso user